
Express курсот за Amazon KDP е структуриран едукативен програм наменет за автори кои имаат подготвен ракопис или јасно дефинирана идеја и сакаат ефикасен, прецизен и контролиран влез во процесот на самостојна објава на книга на Amazon.
Курсот е конципиран да обезбеди јасна рамка и методолошки пристап, без непотребни теоретски отстапувања, со фокус на практични чекори кои водат до правилна подготовка и успешно поставување на книгата на Amazon KDP платформата.
Програмата се реализира како индивидуална или групна едукативна сесија, со можност за следење онлајн или во живо, во времетраење од приближно 120 до 150 минути. Форматот овозможува директна комуникација, практични примери и структурирана работа, прилагодена на динамиката и потребите на учесниците.
Во рамки на курсот, учесниците добиваат систематизирано знаење за структурата и логиката на Amazon KDP системот, техничката и содржинската подготовка на книгата, правилното позиционирање преку категории, клучни зборови и опис, како и основни принципи за почетна видливост и дистрибуција.
По завршување на курсот, учесниците имаат можност за дополнителни консултации и насоки, во зависност од фазата во која се наоѓа нивниот проект, со цел процесот да продолжи со јасност, контрола и стратешка усогласеност.
Овој курс претставува функционална основа за секој автор кој сака професионално и самостојно да ја трансформира својата идеја или ракопис во објавена книга на глобална платформа, со целосна контрола врз процесот и авторските права.




